Новите електрични автомобили во ЕУ ќе мораат да произведуваат врева (ВИДЕО)

Првиот ден од месец јули на сила стапи одредбата на ЕУ според која новите електрични возила, на подрачјето на Унијата нема да можат да ја поминат хомологацијата доколку е претивка. Поточно речено, сите возила кои при мали брзи на движење не произведуваат доволно врева и со самото тоа се помалку слушливи од возилата на класичен погон, ќе мораат да имаат вграден систем на звучно предупредување (AVAS).

Во регулативата на ЕУ стои објаснување дека тоа се “системи за хибридни електрични и целосно електрични возила, кои произведуваат звук со цел на пешаците и другите корисници на патот да им сигнализираат присутност на возилото”.

Производителите мораат да го вградат системот AVAS, кој ги задоволува утврдените европски барања во новите типови хибридни електрични и целосно електрични возила до 1. јули 2019 и во сите нови хибридни електрични и целосно електрични возила до 1. јули, 2021. година. Тоа значи дека уште две годиби во рамките на ЕУ ќе можат да се продаваат “тивки” електрични и хибридни автомобили, но отсега секој нов тип возила ќе мора да има вграден систем за производство на врева.

Вештачка врева

Системот AVAS автоматски произведува звук во најнизок распон на брзината од стартувањето до приближно 20 км/ч при возење наназад. Ако возилото е опремено со мотор со внатрешно согорување, кој работи во претходно наведениот распон на брзината, системот AVAS не произведува звук. За возилата кои имаат возвратен звучен уред за предупредување не е потребно системот AVAS да произведува звук при возење наназад – пишува во европските правила.

Звукот кој го произведува системот AVAS би требало да биде непрекинат звук кој им пружа информација на пешаците и другите учесници во сообраќајот за возило при возење. Звукот би требало јасно да го покажува однесувањето на возилото и би требало да звучи слично на звукот на возило од иста категорија, опремено со мотор со внатрешно согорување. Исто така, би требало јасно да го покажува однесувањето на возилата: на пример, со автоматска варијација на нивото на звукот или синхронизација со брзината на возилото.

На пример, вака:

Текстот Новите електрични автомобили во ЕУ ќе мораат да произведуваат врева (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.