Придобивките од озонската терапија стануваат се попознати и кај македонската популација. Веќе е познато и докажано дека дека озонската терапија има антибактериско, антивирусно, антигливично, антиоксидативно и имуностимулативно дејство. Многубројни светски истражувања потврдуваат дека озонот го зајакнува имунитетот и енергетскиот потенцијал на организмот за два до четири пати. Иновативноста и уникатниот пристап на Ozone Gold производите, отиде чекор подалеку и го искористи озонот за да креира линија на козметички производи за грижа и заштита на лицето и телото. Летната програма на Ozone Gold се базира на производи за заштита и хидратација на лицето, негово подмладување, но и грижа за здрава и витка фигура на телото.
Кремата за сонце од озонирано маслиново масло има фактор на заштита 50SPF. Оваа крема овозможува оптимална заштита од штетните УВА и УВБ зрачења. Интензивната и уникатна формула ја одржува кожата влажна. За поедноставна и лесна употреба кремата брзо се апсорбира, не остава наслаги или боја. Базирана е на вода и не ги храни фоликулите на кожата со што би се нарушил естетскиот изглед на скалпот. Особено е значајна затоа што помага при спречување на одредени болести на кожата, предвремено стареење, несакани дамки на кожата и изгореници.
Хидратантната крема против стареење со озон и алое вера има заштитен фактор 15SPF. Благодарение на комплексот за навлажнување кој потекнува од озонираното масло, хијалуронската киселина и Алое вера, кремата овозможува влажност на кожата до 12 часа и ја штити од стареење. На тој начин, овозможувате заштита на кожата од сушење поврзано со стареење и му помагате на телото да го поврати младешкиот изглед на кожата. Придобивките од алое вера се добро познати, а во оваа уникатна формулација алое верата додава на квалитет, затоа што е познато дека ја чува, храни и заштитува кожата, формирајќи тенка заштитна обвивка.
Линијата на летни производи е надополнета со озониран гел против целулит. Како што е веќе познато, целулитот се јавува како резултат на оксигенацијата, предизвикана од стеснување на крвните садови, зголемување на содржината на масни клетки, со локално зголемување на тежината и забавување на дренажата на лимфите. Гелот од озон помага да се регенерираат клетките во содејство со соодветни вежби и други методи на губење на килажата. На кожата ѝ дава мек и свиленкаст изглед и погодна pH вредност. Освен озонирано маслиново масло, содржи и масло од портокал, рузмарин, алги, шафран, Aлое вера и други природни масла за борба против целулитот. Неговото благопријатно дејство може да се користи секој ден, а се препорачува да се нанесува со масирање на зафатената површина со целулит.
Ова лето е времето кога треба да одлучите вистински да се грижите за себе и за своето лице и тело. Со помош на комплетната линија на озонирани производи од Ozone Gold, постигнете ефект на подмладување, нега и заштита, сè во едно.
Текстот Озонска грижа во летото е превземен од Reporter.mk.