Кајли Миног плачеше од среќа на Гластонбери

Кајли Миног си ги бришеше солзите откако конечно настапи на главната бина „Пирамида“ на фестивалот Гластонбери во Англија,, откако пред 14 години мораше да го откаже настапот бидејќи ѝ беше дијагностициран рак на дојка.

„Требаше да бидам тука во 2005. Но околностите направија да не успеам“, рече австралиската ѕвезда пред публиката.

Додека публиката го скандираше нејзиното име, пејачката се расплака, говорејќи како се чувствувала додека го гледала фестивалот од далеку.

„Посакувам работите да бидат поинакви, но тоа е животот. Сега сме тука сите“, рече актерката, пејачка и ЛГБТ-икона.

Публиката во еден глас ги пееше нејзините хитови, па таа во еден весела им рече: „Дали има потреба јас да пеам?“. Гости на некои од легендарните хитови и беа Ник Кејв, Крис Мартин и Мајли Сајрус.

Миног  го заврши настапот со зборовите: „Никогаш досега не сум видела толку луѓе. Да знаете, ме наеживте“.

Текстот Кајли Миног плачеше од среќа на Гластонбери е превземен од Reporter.mk.