Кога и да зборуваме за масивните парчиња накит, секогаш се сеќаваме на модата од крајот на осумдесеттите и првата половина на деведесеттите години од минатиот век. Мислевме дека тој тренд го оставивме децении наназад, но трендсетерите нѐ изненадија: смелите обетки со по малку откачен дизајн повторно се модерни.
Во продолжение на текстот, со вас ги споделуваме моделите на обетки, кои направија голем бум под модното небо.
Кога станува збор за додатоците, чантите и чевлите, тие години наназад се во прв план. Големите модни имиња тврдат дека е време за промени и дека оваа сезона, кога се во прашање додатоците, главната улога ја игра накитот.
На модните писти во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, впечатливите обетки го одземаат здивот. Мораме да признаеме дека оваа промена дојде како вистинско освежување, па затоа едвај чекаме да нурнеме во морето од обетки со несекојдневен дизајн.
Во својата колекција на накит, со сигурност сите поседуваме неколку пара популарни алки кои можат да бидат: подебели, потенки, во боја, сребрени, златни… Во овој случај, добро познатите обетки добиваат дополнителен пресврт: на модните писти доминираат алки со неправилен облик.
Обетките во облик на синџирчиња постојат во повеќе варијанти, па ги прати воздржаниот минималистички, но сепак современ и гламурозен стил.
Посебен впечаток на нас оставија обетките со потполно неочекуваниот облик. Дизајнерите направија интересни парчиња накит, поврзувајќи ги темите кои не би ги поврзале ни во сон. Примери за оваа креативност, се и обетките кои се во облик на кујнски прибор и потполно авангардните обетки кои имаат неправилен облик.
За самиот крај, ги оставивме обетките за кои не мора да имате ни пробушени уши. Ваквите обетки едноставно се поставуваат на самото убаво, на сличен начин, како што би закачиле некоја нараквица или ѓердан. Изборот на големини и дизајни од ова парче е ваш.
Текстот Обетки што се носат оваа сезона е превземен од Reporter.mk.