Нов вид на инсект откриен во Австралија беше именуван по Кралот на ноќта од хит серијалот „Игра на тронови“.
Името на оваа мува било дадено поради сличностите со ликот на ноќниот крал, односно бидејќи живее и се развива во зима, има „круна“ од шилести влакна и претвора животни во „зомби“.
Мувата е голема околу 1 см и може да се забележи за време на зимскиот период во еден помал предел од западна Австралија.
Минатата година во Австралија се именуваа околу 230 нови видови на диви животни.
Мувата „Крал на ноќта“ најпрвин беше откриена во 2012 година од страна на двајца жители во околината на националниот парк Ванду. Неколку години подоцна докторантот Шанкун Ли, од Организацијата за научно и индустриско истражување на Комонвелтот на Австралија, потврди дека тоа е всушност нов вид на инсект.
Ентомологот д-р Брајан Лесард вели дека одлуката да ја именуваат мувата според ликот од хит серијата на ХБО била брза.
„Шанкун е страствен фан на ‘Игра на Тронови’ и ова е негов начин да се заблагодари на продукцијата за сите тие часови забава“, посочи д-р Лесард.
„Мувата дели многу сличности со ликот на Ноќниот крал; двајцата се активни само во зима и имаат боцки во вид на круна на главата. Мувата-женка положува јајца врз други инсекти, кои подоцна се изведуваат и ги јадат инсектите и на еден начин ги предвораат во зомби, исто како и Ноќниот крал од серијалот“, вели д-р Ласард.
Текстот Нов вид на мува именувана по негативецот од „Игра на тронови“ е превземен од USB.mk.