Летни активности кои согорете 300 калории за 30 минути

Во текот на летото обично имаме проблем да ѝ останеме верни на својата рутина на вежбање. Високите температури ни ја одземаат сета енергија, па не можеме ни да се замислиме себеси на справите во фитнес-сала.

За сите оние на кои им е доста од изговори и кои сакаат да му се посветат на тренингот дури и во текот на најжешките денови, тука се летните активности, кои даваат феноменални резултати.

Кои се летните активности кои согоруваат 300 калории за половина час, дознајте во продолжение.

Активностите како што се возењето велосипед и пешачењето имаат предност во текот на целата година. Но, сепак доколку се одлучите да ја насочите својата енергија кон летната радост, тогаш ви предложуваме да се испробате во следните активности:

1. Шетање по плажа

Иако долгите прошетките на плажа звучат романтично, сепак се ефикасен облик на вежбање. Тајната се крие во одењето по песокот кој, според студиите, троши 2.1-2.7 повеќе калории од прошетката по рамна површина.

2. Тенис

Ако до сега не сте го удриле топчето со рекетот, тогаш искористете прилика ова лето. За да ги постигнете саканите резултати, кога согорувањето калории се во прашање, не морате да бидете професионалец. Доволно е вие и вашиот партнер да го префрлувате топчето преку мрежата. Постојано сте во движење, а вашето тело троши калории.

3. Одбојка на песок

Веќе ги спомнавме бенефитите од одењето по песок. Сега префрлете се на вториот чекор – скокање по песокот. Одбојката на песок бара брзина и остри рефлекси, а песокот го отежнува движењето.

4. Пливање

Пливањето е задолжителна летна активност. Одморот на базен е вистинско летно уживање. Сепак, пливањето претставува една од најнапорните активности, а вклучени се сите големи мускулни групи. Дополнителна предност е тоа што во текот на пливањето, нема непосакуван притисок врз зглобовите.

5. Возење ролерки

Иако многу сметаат дека возењето ролерки е детска игра, сепак оваа активност е многу повеќе од тоа. Возењето ролерки се препорачува доколку имате проблеми со зглобовите, а физички оваа активност предизвикува приличен напор. Активноста на голем број мускули доведува до согорување на голем број калории.

6. Скијање на вода

Иако скијањето на вода делува како релаксација, сепак за оваа активност е потребен ангажман на голем број мускули. За да останете во исправена положба на површината на водата, вашето тело ќе мора да ја покаже сета своја сила од средниот дел и стомачните мускули. Соединувањето и преминувањето на брановите е приказна сама за себе. Цело време држете коноп во рацете, што влијае врз зајакнувањето на бицепсите и трицепсите.

7. Кајак

Возењето кајак можете да го искористите како интересна летна активност, но и како облик на транспорт од едно место до друго. Срцето ќе ви биде благодарно за овој вид на кардио-тренинг, додека грбот, рамењата, градите, рацете и стомакот се во постојана акција  за да го одржат телото на површината од водата. Навистина феноменална активност, која притоа е и многу интересна.

Ова лето немојте да го искористите за изговори, туку за нови предизвици. Ако веќе не сте се испробале во некоја од овие активности, искористете ги долгите летни денови и упатете се кон нови доживувања. На крајот од денот ќе бидете задоволни, а вашето тело ќе изгледа подобро од кога било!

Текстот Летни активности кои согорете 300 калории за 30 минути е превземен од Reporter.mk.