Никол Кидман претерала со ботоксот

Холивудската глумица Никол Кидман претерала со ботоксот, пишуваат американските таблоиди. Тие објавија фотографии од Австралијанката направени на „Комик кон“ во Сан Диего, каде што Никол го промовира својот нов филм „Аквамен“. „Никол не може да се насмее убаво, колку е затегната“, е само еден од коментарите што го напишаа твитерџиите, споделувајќи ги сликите од Кидман. Таа неколку пати претходно е критикувана заради пластичните операции.

„Аквамен“, во кој Кидман глуми со Џејсон Момоа и Амбер Херд ќе има промоција во декември. Сепак, филмските студија на „Комик кон“ ги промовираат сите свои нови серии и филмови, а на фановите и на новинарите им даваат можност да се запознаат и дружат со филмските ѕвезди.

 

Текстот Никол Кидман претерала со ботоксот е превземен од Reporter.mk.