NASA ќе соработува со Обединетите Арапски Емирати (ВИДЕО)

Раководството на американската вселенска агенција NASA потпиша договор со вселенската агенција на ОАР за испраќање на повеќе луѓе во вселената. Договорот го потпишаа Jim Bridenstine и Dr. Mohammed Al Ahbabi. Засега не е целосно објавено што содржи овој договор, но се очекува астронаутите од ОАЕ да патуваат со ракетите на NASA.

Процесот за селекција на астронаутите во ОАЕ веќе е започнат, па изборот е сведен на 9 кандидати, а треба да се одберат четворица кои ќе полетаат во вселената. Првиот астронаут од оваа држава се очекува да отпатува во Меѓународната вселенска станица во април 2019-та година, но тоа сепак ќе се случи со помош на руската вселенска агенција – Ruscosmos.

Текстот NASA ќе соработува со Обединетите Арапски Емирати (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.