Руските инженери при крајот на јуни во Подмосковјето на саемот за вооружување „Армија-2019“ го претставија својот најнов проект: беспилотното пловило со вештачка интелигенција „Аурора“ за потрага и спасување, кое независно пронаоѓа давеници при бродолом и се отвора како капсула за спасување.
Според него, во вештачката интелигенција на роботот се внесуваат специјални неврони и податоци кои овозможуваат препознавање на луѓе меѓу остатоци на брод во водата.
„Министерството за вонредни состојби веќе го користи нашиот робот“, додаде Анцев.
Како што истакна тој, не му е познато дали во странство постојат роботи кои можат да се споредат со овој, затоа што тој самостојно (без помош на оператор) пронаоѓа луѓе на местото на бродоломот и им приоѓа.
На местото на несреќата „Аурора“ ја исфрлаат беспилотни хеликоптери опремени со локатори, оптички инструменти и радиоелетронски станици.
Таков хеликоптер може да полетува и слетува на сите неопремени површини, како во град, така и на морео. Може да открие објект (од брод што тоне до нафтена платформа) во услови на дожд и магла, односно. во услови на исклучително слаба, дури и нулта, видливост.
Во моментов постојат два типа вакви хеликоптери: голем, што може да носи до 150 килограми товар, и мал, кој носи „Аурора“.
Секој хеликоптер ја нагледува зоната околу себе на растојание од неколку километри и „гледа“ сѐ под вода на длабочина од 100 метри од висина на птичји лет.
Денес беспилотните хеликоптери на компанијата RADAR MMS, освен Министерството за вонредни состојби, ги користат и компаниите „Гаспром“ и „Роснефт“ спасувачки операции на нафтени и гасни бушотини на отворено море, како и при потрага по нови полиња на нафта и гас во епиконтиненталниот појас и под вода.
Извор: Russia Beyond
Текстот Русите направија робот кој самиот пронаоѓа и спасува давеници (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.