Прилепчани не сакаат Тамара да пее на „Пиво фест“

Откако од вчера во медиумите и на социјалните мрежи се пишува за Тамара  која ја утна химната на Македонија на приемот на Америкската амбасада, сега гори работва и во Прилеп. Па така пилепчани масовно на социјалните мрежи бараат организаторите да го откажат концертот на Тамара Тодевска кој е закажан за овогодинешниот 17-ти по ред фестивал на скарата и пивото, “Пивофест 2019”. Taмара според програмата треба да настапи на третата фестивалска вечер.

Ваквата реакција на прилепчани доаѓа по настапот на Тамара во Американската амбасада, кога пеејќи ја државната химна ја изостави строфата каде се спомнуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…

Тамара подоцна се извини преку нејзиниот Фејсбук профил, барајќи граѓаните да и простат за овој нејзин пропуст.

Текстот Прилепчани не сакаат Тамара да пее на „Пиво фест“ е превземен од Reporter.mk.