Древна биста на Тутанкамон во Лондон продадена за 4,7 милиони фунти

Ретка биста на Тутанкамон стара 3.000 години е продадена на аукција во лондонската куќа „Кристи“, за 4,7 милиони фунти, додека надвор од зградата траеја протести на луѓе кои сметаат дека древното уметничко дело е украдено.

Станува збор за глава на египетскиот владетел Тутанкамон од неговата младост.

Египетските власти претходно бараа враќање на артефактот во нивната земја, заедно со „Каменот од Розета“ што се чува во Британскиот музеј, и други предмети од древен Египет.

Пред аукциската куќа имаше 20-на демонстранти со натписи „Египетската историја не е за продажба”.

Текстот Древна биста на Тутанкамон во Лондон продадена за 4,7 милиони фунти е превземен од USB.mk.