Моделот Карли Клос по шест години врска се сврши со Џошуа Кушнер. Џошуа е помалиот брат на Џаред, сопругот на Иванка Трамп. Карли е една од најангажираните манекенки на денешницата, ангел на „Викторијас сикрет“ и заштитно лице на последната кампања на „Сваровски“. Џошуа, пак е менаџер и партнер во компанија за инвестиции.
Според магазинот „Пипл“, Кушнер ја побарал манекенката за жена за време на летувањето. И Карли и Џошуа се пофалија дека ќе прават свадба и објавија фотографии на „Инстаграм“.
Текстот Се вери топ-моделот Карли Клос е превземен од Reporter.mk.