Готвачот Никола Мишковски, познат како шеф Никола од кулинарското шоу „Брза кујна“, наместо класична свадба, викендов направи свадбена журка. Тој и неговата девојка Стефанија се венчаа минатата недела, а сега само направија забава за своите најблиски роднини и пријатели. На свадбата Стефанија носеше едноставна венчаница со спуштени ракави, а Никола беше облечен во тегет костум.
Меѓу гостите на журката беа и колегите на Никола од „Брза кујна“, шеф Марк де Јонг и водителката Александра Илиевска. Тие на „Фејсбук“ споделија слики од свадбата и им посакаа многу љубов и многу деца на младенците. Инаку, Никола и Стефанија наскоро го очекуваат своето прво дете.
Ова е втор брак за 35-годишниот готвач. Тој претходно беше во брак со Маја со која има едно дете.
Фото: Фејсбук
Текстот (Галерија) Журка наместо класична свадба за вториот брак, се ожени шеф Никола од „Брза кујна“ е превземен од Reporter.mk.