Победникот на претпоследната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Ибро Бублин, доби тужба за плагијат за песната „Ќе ти дадам се“ што за него ја направил Саша Лазиќ. Ибро, откако ја снимил, самиот се потпишал како автор заедно со неговиот татко. За „Блиц“ Лазиќ тврди дека е автор на песната и дека веќе поднел тужба за 15.000 евра, иако песната е тргната од музичкиот канал „ЈуТјуб“.
„По неколку години соработка со големите ѕвезди и со анонимни изведувачи, лани во декември на победникот на ‘Ѕвездите на Гранд’ му пратив демо снимка што ја отпеја Дарко Лазиќ. Неодамна на ‘ЈуТјуб’ слушнав рефрен кој е 100% мелодиски ист и 80% од текстот, а тој се потпишал како автор? Што се случува? Ацо Крсмановиќ и јас сме ограбени“, напишал Лазиќ социјалните мрежи.
Веднаш потоа го контактирал Саша Поповиќ.
„По наредба на Поповиќ, песната ја правев специјално за Бублин. Без да знам, тој ја снимил песната и ја потпишал како своја. Поповиќ беше на моја страна и ја избриша песната. Тужбата од 15.000 евра е готова, а за останатите детали може да го контактирате мојот адвокат“, рекол композиторот за „Блиц“.
И победникот на „Гранд“ се огласи со статус на својот фејсбук-профил.
„Драги пријатели, луѓе што ме следите. Пред неколку минути, на моја инцијатива, ја избришав песната ‘Ќе ти дадам се’. Не можам да ги премолам лагите. Некои колеги под влијание на Саша Лазиќ плукаат по мене. Драги луѓе, јас нема да застанам на ова. Сега сум посилен. Подготвен сум за нови песни. Ве сака Ибро“, напиша тој.
Текстот Тужба за плагијат за победникот на „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.