Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, објави дека ја затвора својата модна компанија, а дека сите вработени ќе добијат отказ. „Њујорк пост“ објави дека компанијата ќе биде затворена што е можно побргу.
Како што вели Иванка Трамп, компанијата ја затвора со цел да се фокусира повеќе на својата работа како советник во Белата куќа.
„По 17 месеци во Вашингтон не знам како и дали некогаш воопшто ќе му се вратам на претприемништвото. Мојот фокус е тука, во Вашингтвон и во политиката“, рекла таа.
Иванка модната компанија ја формираше пред 4 години и за кратко време се наметна меѓу познатите светски брендови. Во текот на предизборната кампања на татко ѝ често носеше модели од нејзината модна куѓа. Но, Иванка беше силно критикувана оти вработувала работници во Кина и поради лошите услови во фабриките таму.
Текстот Иванка Трамп ја затвора модната компанија, ги отпушти сите вработени е превземен од Reporter.mk.