Пронајдено езеро со вода на Марс

Сателит кој што кружи околу Марс пронајдe езеро со вода во течна состојба под јужната покривка од мраз.

Претходно имаше само претпоставки дека постојат минимални количества на вода на Марс, но ако се потврди ова откритие значи дека на Марс има доволно вода за да одржuва еден голем град.

Но, тоа не е единствената причина за што се возбудени научниците, постоењето на вода исто така значи дека постои шанса за некој вид на живот.

Езерото е широко околу 20 километри и се наоѓа на 1.5 километри длабочина под мразот.

За неговото пронаоѓање беа потребни три години детално снимање со напредниот радар на сателитот пратен на Марс од Европската Вселенска Агенција.

Текстот Пронајдено езеро со вода на Марс е превземен од USB.mk.