Стеван Стевановиќ, еден од двајцата коментатори од ТВ „Арена спорт“, кој стана омилен во Македонија и кој страсно навиваше за „Вардар“ во Лигата на шампиони, е на одмор во Охрид.
Тој на својот фејсбук-профил објави фотографии од плажите и од прошетките низ Охрид со својата сопруга Вања, која е бремена. Всушност тој во Свети Наум ја побарал Вања за жена.
„Се вративме на местото на свршувачката, но сега сме уште посилни“, напиша Стеван под фотографијата со сопругата.
Тој сподели и моменти на посетата на познатата охридска фирма за бисери, возењето со брод, прошетката низ знаменитостите на Охрид со туристички водич, ручек со пријатели во Струга кај кои бил сместен пред 25 години. Посебно го бендисала плажата „Оревче“ на Градиште.
Текстот (ФОТО) Коментаторот Стеван кој навиваше за „Вардар“ се сврши во Охрид е превземен од Reporter.mk.