Војвотката од Сасекс Меган Маркл ќе почне да пишува колумни за британското списание „Вог“. Според пишувањата на британски „Сан“, Меган преговарала со челните луѓе на списанието да добива месечна колумна, а истовремено да ја промовира својата хуманитарна работа.
Меган ваквата идеја ја добила од нејзината блиска пријателка и сопруга на актерот Џорџ Клуни, адвокатката Амал. Уредничката на „Вог“, Ана Винтор, наводно била воодушевена од ваквата идеја, пишуваат британските медиуми.
Уредништвото смета дека на овој начин ќе го зголеми медиумскиот публицитет и ќе добие голем број на нови читатели. Меган покрај колумните во новото издание на списанието ќе се појави и во низа на модни креации од различни дизајнери.
Текстот Меган ќе пишува колумни за „Вог“ е превземен од Reporter.mk.