Овен
Не е поволен викенд за работа бидејќи нема да може да ги остварите своите планови. Потрудете се тоа да не ве фрустрира премногу. Очекувате средба со саканата личност и имате желба да остварите подобар однос со неа. Проблеми со несоница.
Бик
Може да очекувате сосема добар викенд на деловно поле. Среќата е на ваша страна и сѐ ќе биде во ред. Викендот може да ви донесе интересно познанство. Можеби се работи за личност од блиското опкружување. Добро се чувствувате денес.
Близнаци
Ве очекуваат промени на работно поле. Ќе бидете задоволни иако на почетокот ќе бидете малку збунети. Ве очекува и шанса да ја дефинирате ситуацијата со саканата личност и да покажете во кој правец ќе оди вашата врска. Водете сметка за забите.
Рак
Може да очекувате околностите дома да бидат генерално поволни. Пред вас е добар период. И понатаму не сте подготвени за сериозна врска. Личноста која ве сака одлучена е да биде со вас. Во одлична форма сте.
Лав
Можеби ќе успеете да ги решите сите проблеми со семејството без да си замерите премногу. Но, поради вашата суета ќе имате многу потешкотии во емотивниот однос. Проблеми со органите за варење.
Девица
Пред вас е поволен период за промени на деловно поле. Подготвени сте да и се посветите на саканата личност и со неа да градите стабилна иднина. Можни се проблеми со бубрезите.
Вага
Имате многу обврски заради што нема да успеете да се одморите. Во врската ви е здодевно и сакате промени. Не сте навикнати на самотија и тоа ви пречи. Зголемете го внесот на витамини.
Скорпија
Не би требало да се грижите околу случувањата на работното место, сите околности на крај може да се свртат во ваша корист. Доколку сте слободни, пред вас е период во кој е можен почеток на нова врска. Спортувајте повеќе!
Стрелец
Може да очекувате дека ќе успеете да ја стабилизирате својата финансиска ситуација и дека ќе бидете задоволни со состојбата на работно поле. Подготвени сте за добра комуникација со саканата личност. Водете сметка за бешиката.
Јарец
Пред вас е поволен период за преговори во кој може да остварите голем успех. Подготвени сте отворено да разговарате со симпатијата и да ѝ дадете до знаење дека имате емоции кон неа. Проблеми со нервниот систем.
Водолија
Решението на проблемот на деловно поле може да е во ваши раце. Потрудете се да го дадете својот максимум. Емоциите кои ги имате кон партнерот може да бидат променливи. Внимавајте на своето срце.
Риби
Иако не е сѐ онака како што сакате, на крај ситуацијата може да се сврти во ваша корист. Неодлучни сте и ви се чини дека партнерот со кој сте моментално нема уште долго време да биде покрај вас.
Текстот Викенд хороскоп за 13 и 14 јули е превземен од Reporter.mk.