Со семејна слика направена на Водно, легендарниот гитарист Влатко Стефановски откри дека неговата ќерка Ана наполни 31 година. На фотографијата со неа и синот Јан тројцата се насмеани и расположени, па Влатко напиша: „Среќен роденден драга Ана“. Пријателите искоментираа дека има многу љубов на една слика и и посакаа секогаш да бидат така насмеани.
Инаку, Ана е постарото дете на познатиот гитаристот. Таа неодамна на Универзитетот во Падова заврши докторски студии по италијански јазик и книжевност. Синот Јан, пак, годинава матурираше во гимназијата „Нова“. Тој веќе неколку години свири тапани во „Влатко Стефановски трио“ со својот татко.
„Јан има неверојатен талент за музика. До крајот на годината планирам на снимам два албума, а на рок албумот тапаните ќе ги свири Јан, иако тој ми вели дека треба да изберам некој друг тапанар“, откри неодамна Влатко во интервју за „Репортер“.
Ја оставив партнерката сама, за среќа, беше згодна, па се снајде – искрено со Влатко Стефановски
Текстот (Фото) Ќерката на Влатко Стефановски славеше роденден е превземен од Reporter.mk.