Пејачката и актерка Мајли Сајрус, која лани во декември се омажи за своето долгогодишно момче, Лиам Хемсфорт, откри дека засега не сака да има деца со глумецот. Таа во интервју за магазинот „Ел“ вели дека се додека планетата е еколошки загадено и несигурно место за живеење, нема да има деца.
„Оној ден кога ќе знам дека водата е чиста, а животот нормален, ќе размислувам за деца. Не сакам да донесам на овој свет уште едно дете што ќе се мачи“, рекла Мајли во интервјуто.
Таа за „Ел“ зборувала и за бракот со австралискиот глумец, ама и за нејзината бисексуалност.
„Ме привлекуваат жени, тоа не е сменето. Си Лиам сме заедно со години и имаме уникатна врска. Тој е партнер каков што ми треба во моментов. Можеби утре нема да сме заедно, а јас ќе сум со жена. Луѓето се збунети затоа што се омажив. Но, јас не сум типична жена, не седам дома да готвам, ниту пак ќе чувам деца. За среќа, приватноста успевам да ја сочувам, па никој и не знае што ми се случува во животот“, додала Мајли.
26-годишната Американка во моментов го промовира новиот албум She is Miley Cyrus, а неодамна одржа концерт на најголемиот музички фестивал во Австралија, „Глостонбери“. Мајли е најавена и како главна ѕвезда на фестивалот „Сани Хил“ што ќе се одржи во Приштина на почетокот на август.
Текстот Мајли Сајрус ја привлекуваат жени, не сака деца со Лиам Хемсфорт е превземен од Reporter.mk.