Пејачката и водителка Сузана Турунџиева отсекогаш внимавала на изгледот. Таа со години води здрав живот и вежба јога. Па сега, додека е на викенд покрај езеро, се сликаше на плажа во шалвари и кратка маичка и ги покажа стомачните мускули. Сузе доби комплименти за витата става, а пријателите ја нарекоа „секси баба“.
За изгледот на пејачката се зборуваше и неодамна, кога таа се прошета со внукот во жешки тексас панталони и високи чизми. Турунџиева пред неколку месеци стана баба, откако нејзината ќерка Лорадоби син. Оттогаш таа не ја крие радоста, па секое слободно време го поминува со внукот и често споделува заеднички слики.
Текстот (Фото) Турунџиева ги покажа стомачните мускули е превземен од Reporter.mk.