Бариш Ардуч доби награда за најдобар актер во Либан

Турскиот глумец Бариш Ардуч ја освои наградата Најдобар интернационален актер на годината на 10. Бејрутски интернационален филмски фестивал во Либан. Тој наградата ја доби за улогата на Омер во хумористичната серија „Вљубениот ерген“.

Популарниот глумец излезе на сцената да ја прими наградата, па освен што им се заблагодари на критичарите, филмските работници и на колегите од серијата, рече дека најзаслужна за неговиот успех е публиката која ја гледа серијата.

Не е првпат турски глумец да ја освои оваа награда на фестивалот во Либа. Претходно неа ја доби Мерјем Узерли за улогата на Хурем султан во хит серијата „Величествениот“.

Текстот Бариш Ардуч доби награда за најдобар актер во Либан е превземен од Reporter.mk.