Овен
Денешниот ден ќе ви биде поволен на работното место. Ќе бидете задоволни од направените деловни разговори. Во моментов сте во потрага по партнер кој ќе пред се ќе ви покаже искреност. Изморени сте од лаги и измами кои сте ги доживеале во изминатиот период. Внимавајте на здравјето и проблемите со забите.
Бик
Денес ќе имате можност да земете слободен ден и да се одморите. Сега не е период да се оптеретувате со работа. Претерувате со критиките и тензиите во вашиот однос со саканата личност. Обидете се малку да го спуштите гардот. Внимавајте на здравјето и нискиот притисок.
Близнаци
За да имате успешен ден потребно е да бидете добро организирани, но и да верувате во себе. Постои личност за која ви е грижа, но сте претерано горди за да тоа го признаете. Не можете да преминете преку некои работи. Внимавајте на здравјето. Хронично сте заморени.
Рак
Проблемите ќе ги решите ако имате поддршка од луѓето околу себе. Некои работи денес нема да можете да ги направите самите. Личноста која ви се допаѓа полека ќе ви се отвори и ќе почнете да сваќате колку е таа ладна кон вас. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви здравствени проблеми.
Лав
Можни се промени на работа кои нема да се одразат директно на вас, па подгответе се за пресврти. Размислувате за тоа да ја прекинете врската во која повеќе не се пронаоѓате. Обидете се да бидете искрени кон вашиот партнер. Внимавајте на здравјето. Потребна ви е релаксација. Најдете го својот мир.
Девица
На полето на работа не очекувате никакви важни промени. Денешниот ден ќе ви мине сосема вообичаено. Можно е да доживеете убава авантура со личноста која магнетски ве привлекува веќе подолг временски период. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.
Вага
Нема да ви биле лесно да ги остварите сите желби кои ги имате, затоа што ќе имате повеќе обврски од вообичаено. Одлуката која ќе ја донесете на ова поле е многу важна. Од некои работи кои ќе ги промените, сега зависи вашата емотивна иднина. Внимавајте на здравјето и падот на имунитетот.
Шкорпија
Не сте премногу оптеретени со работа и потребен ви е одреден период за одмор. Не е момент да се форсирате на ова поле. Чувствувате силна желба на партнерот да му овозможите сигурност, чувство на утеха и љубов. Имате чувство дека длабоко сте поврзани. Внимавајте на здравјето и проблемите со вашата кожа.
Стрелец
Моменталната ситуација на ова поле би можела да ви биде многу поволна. Пред вас е одличен период. Врската со личноста до која ви е грижа, е тргната во погрешна насока, иако и понатаму сте убедени дека постојат силни чувства. Внимавајте на здравјето и проблемите поврзани со крвотокот.
Јарец
Целите кои си ги имате поставено, ќе си ги остварите многу брзо. Ќе продолжите со позитивно размислување. Планирате патување со вашиот партнер, па можете да очекувате одличен помин. Ако сте сами, можно е да остварите ново познанство. Внимавајте на здравјето и почнете да размислувате за диета.
Водолија
Вашата работа ви делува нестабилно и имате впечаток дека наскоро ќе ви следат промени на ова поле. Иако постои сеуште љубов во вашиот брак, сепак постојат големи недоразбирања и големи карактерни разлики. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на вашите очи.
Риби
Постојат можности со вашиот деловен партнер да постигнете важен компромис и да дојдете до важни одлуки. Сè повеќе ви се чини дека саканата личност не е сосема искрена кон вас и тоа не ви се допаѓа воопшто. Внимавајте на здравјето. Можни е појава на респираторни инфекции.
Текстот Дневен хороскоп за 15 јули е превземен од Reporter.mk.