(Видео) Меган ја запозна Бијонсе на премиерата на „Кралот лав“

Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, се запознаа со пејачката Бијонсе и нејзиниот партнер раперот Џеј Зи, на премиерата на филмот „Кралот лав“ во Лондон.

Покрај Бијонсе и Џеј Зи, Меган и Хари пред почетокот на премиерата, се запознаа со бројните актери кои ги позајмуваат своите гласови во анимираниот филм. Бијонсе во „Кралот лав“ го позајмува гласот на лавицата Нели.

Бијонсе и Џеј Зи во февруари на доделувањето на BRIT наградите, ја освоија наградата за најдобра меѓународна група. За таа пригода им се заблагодарија на сите со видео во кое стоеле пред портретот на војвотката Меган.

На истата фотографија, музичката ѕвезда и ја честиташе на Меган бременоста и ѝ ја посака целата среќа на светот. Меган и Хари на премиерата се дружеа и со Сер Елтон Џон, Фарел Вилијамс и многу други.

 

Текстот (Видео) Меган ја запозна Бијонсе на премиерата на „Кралот лав“ е превземен од Reporter.mk.