Додека вчера во мијачкото село Галичник се редеа обичаите на традиционалната Галичка свадба, еден од статистите ја побара за жена својата девојка. Облечен во носија, Дамјан Колески клекна на колена и пред сите гости ја запроси Билјана Макреска.
Билјана и Дамјан потекнуваат од Галичник. По запросувањето рекле дека сакаат идната година тие да бидат зетот и невестата на Галичка свадба. Откриле и дека често биле статисти на свадбата изминативе години и учествувале во сите обичаи.
За потсетување, вчера заврши 46. Галичка свадба. Марина Петровска и Огнен Караѓозовски свадбените обичаи ги почнаа во петокот со песна и три истрели од пушка под планината Бистра. Во трите свадбени дена тие испочитуваа повеќе од 30 стари обичаи – кревање на знамето, бричење на младоженецот средсело, земање на невестата од дома, барање благослов од кумот, канење гости… Двојката се венча вчера во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.
Текстот Статист ја запроси девојката среде Галичка свадба е превземен од Reporter.mk.