Претседателот Стево Пендаровски ѝ подари бисерни обетки на виолинистката Венеса Меј, откри за „Репортер“ шефот на кабинет Миле Бошњаковски. Пендаровски и британската виолинистка се дружеа на коктел-забавата по нејзиниот концерт на отворањето на Охридско лето. Поразговараа, се сликаа, а фотографиите завршија на „Инстаграм“. Пендаровски ја пофали музиката на светската ѕвезда и ја нарече музика за сите вкусови и генерации.
Освен претседателот, кој беше дојден со сопругата Бети и синот, гостин на забавата во Охрид беше и премиерот Зоран Заев, и уште неколку политичари.
За потсетување, Охридско лето се отвори на 12 јули, а британската виолинистка одржа концерт за кој долго ќе се зборува. Таа со своето свирење ја крена на нозе публиката во Антички, особено кога ја отсвире песната „Танцот на Роксана“, од филмот „Александар“ за Александар Велики.
Со музиката за Александар Велики, Венеса Меј го крена на нозе Антички
Текстот (Фото) Охридски бисери за Венеса Меј од Пендаровски е превземен од Reporter.mk.