Поп-пејачката Елена Ристеска секогаш со многу емоции зборува за нејзиниот починат татко. Таа често го спомнува во своите интервјуа, го нарекува најголемата поддршка што некогаш ја имала, а споделува и стари семејни слики и раскажува приказни од детството поврзани со него. Елена со емотивна порака се сети на татка си и на денот на неговиот роденден.
„Пробувам цел ден да не мислам и да не плачам, ама… те стигаат и солзите и спомените колку и да си цврст и јак… ќе ти беше роденден денес, 14 јули, па ќе прославевме… ќе ти посакав здравје, среќа, внуци… И секако, ќе кажеше: ‘Само вие да сте ми добри, друго ништо не ми треба’. Ама ете, судбина, те нема. А се повеќе си ми потребен, од било кога.. И нејќам статуси, патетики, ама толку многу сакам да вреснам од тага што, мислам дека планина ќе поместам. Стиснувам заби и го пишувам ова, ни сама не знам зошто јавно. Ама ете, веќе ништо не е исто, само болката е поголема тато!“, напиша Елена покрај фотографијата што ја објави на „Инстаграм“.
Таткото на Елена почина пред скоро три години по долга борба со ракот.
Текстот Сакам да вреснам од тага, планина да поместам – Елена Ристеска се сети на починатиот татко е превземен од Reporter.mk.