Оваа година се одбележува 160-годишнината од првото ѕвонење на Биг Бен, еден од симболите на Лондон. И покрај јубилејот, жителите на Лондон денес нема да можат да ги слушнат ѕвоната бидејќи Биг Бен во моментов се реновира, а работите се на половина пат, пишува „Б92“.
Биг Бен, кој е висок 96 метри, во моментов е обвиткан со скелиња, а работниците ја вршат реставрацијата на стрелките, покривот и фасадата. За време на реставрацијата, ѕвоното тешко речиси 14 тони ќе остане во кулата, но ќе се слушне само во посебни пригоди, како што е пречекот на Новата година.
Реновирањето на кулата треба да заврши во 2021 година.
Текстот Биг Бен наполни 160 години е превземен од Reporter.mk.