Неделен хороскоп од 15 до 21 јули

Овен

Оваа недела ќе бидете малку загрижени за плановите кои не тргнале во насоката која ја посакувате. Време е да бидете искрени со себе и да утврдите што точно сакате. На ова поле ви оди добро. Работите конечно се смируваат и конечно можете да стивнете и уживате во љубовта. Одморајте повеќе оваа недела.

Бик

Sвездите ви се наклонети на работно поле. Продолжете на истиот начин, бидејќи ви оди добро. Само внимавајте на финансиите за да не трошите многу. Во вашиот живот влегува нова личност на која нема да можете да ѝ одолеете. Вежбајте повеќе и водете сметка за своето здравје.

Близнаци

Стресниот период поминува и конечно можете да одморите. Не се нервирајте за глупости, бидејќи сите лоши нешта се зад вас. Време е за нови планови. Страстите се стишуваат, а вие не знаете што сакате. Не се нервирајте толку, бидејќи нема потреба.

Рак

Уште една недела полна со нервози на работа, но вие сте оптимистични дека нештата ќе тргнат на подобро. Тоа е најдобриот пристап. Потребно ви е време да се дистанцирате од партнерот и пријателите. Сакате малку да сте сами оваа недела. Намалете ја нервозата.

Лав

Доминирате на работа, но тоа на соработниците не им се допаѓа. Тие би сакале да сте помалку успешни. Партнерот ви е најголема поддршка оваа недела. Одморајте и спијте повеќе.

Девица

Ве исцрпува напорната работа, потребен ви е одмор или патување. Партнерот го мачат проблеми, а тоа влијае и на вас. Затоа одморот е најдобра одлука. Здравјето е добро.

Вага

Ве очекуваат финансиски успеси за кои не сте ни сонувале дека ќе се случат. Најдобрите работи се случуваат кога најмалку се надевате. Постојано ги криете емоциите, но оваа недела потребно е да сте поотворени и искрени. Здравјето се подобрува.

Скорпија

Доаѓаат мали финансиски проблеми, кои не можевте да ги предвидите досега. Ова е потежок период за вас. Одмор покрај партнерот е тоа што го посакувате оваа недела. Оваа недела очекувајте нервоза.

Стрелец

Ја постигнавте целта, сега треба да уживате. Одморете, а потоа посветете се на новите планови. Љубовта цвета, ве очекува романтична недела. Вежбајте повеќе.

Јарец

Вие сте личност која лесно ги решава проблемите, па тоа се очекува од вас. Не знаете кому да верувате, па затоа не се потпирате на другите. Пуштате се да оди по својот тек. Несоница.

Водолија

Кој не ризикува, тој не добива. Вашата финансиска состојба може да се подобри, но само ако преземете некаков ризик. Имате поважни проблеми, но партнерот не го разбира тоа. Можна е болка во грбот.

Риби

Плановите ви одат од рака оваа недела, а тоа се одразува и на вашата финансиска ситуација. Не ви цветаат рози во љубовта. Депримирани сте и многу чувствителни. Нервоза и стрес.

Текстот Неделен хороскоп од 15 до 21 јули е превземен од Reporter.mk.