Во текот на денешниот ден регистрирани се врнежи од снег во делови на Италија и Франција. Метеоролозите најавија во наредниот период врнежи од дожд и силно невреме.
На Алпите бил регистриран снег до 30 сантиметри, пренесува италијанскиот метеоролошки портал „3Бметео“.
Временската прогноза која е изненадување за многумина, е само најава за уште постудено време. Невремето ги зафатило поедини подрачја кои се наоѓаат на повисока надморска височина велат метеоролозите.
Метеоролозите најавија дека врнежите од снег кои се невообичаени за оваа доба од годината се забележани и во Франција, на југоисточниот дел од земјата, на надморска височина од 2600 метри.
Фотографиите се објавени на групата на „Фејсбук“, „Севир ведер Јуроп“.
Текстот (Фото) Европа во бело, падна снег среде јули е превземен од Reporter.mk.