Сопругата на Роџер Федерер, Мирка, била верена за арапски султан кога ја почнала врската со познатиот тенисер. Роџер за веридбата на Мирка дознал неколку месеци откога почнале да се гледаат.
Мирка и Роџер се запознале на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, кога двајцата играле тенис за Швајцарија. Врската ја почнале уште додека биле во Австралија, иако во тоа време Мирка била верена. Кога Мирка сфатила дека е заљубена во Роџер, ја прекинала врската со султанот и на Федерер му ја кажала вистината.
Двојката се венча девет години подоцна и има четири деца. Бидејќи Мирка веќе не игра професионално тенис, таа му е најголема поддршка на својот сопруг и го бодри на секој натпревар.
Запрашан кога ќе престане да игра тенис, Федерер рекол дека тоа ќе го каже неговата сопруга.
„Кога на Мирка ќе ѝ дојде преку глава да патува, тогаш ќе престанам со тенис“, рекол тој.
Текстот Додека се гледала со Федерер, Мирка била верена за султан е превземен од Reporter.mk.