Поголем дел од Менхетен синоќа остана без струја, по што организтаорите мораа да го откажат концертот на светската пејачка Џенифер Лопез и безбедно да ја евакуираат публиката од салата „Медисон Сквер Гардерн“.
Повеќе од 70.000 домаќинства минатата ноќ останаа неколку часа без струја, поради пожарот кој избувнал на 64. улица на Вест Стрит и Вест Енд.
Мракот настанал веднаш откако танчерите на пејачката излегле на сцената. Пејачката ја смирила публиката, по што организаторите наредиле евакуација. Лопез за настанот објави на „Инстаграм“ и најави дека ќе закажат нов концерт.
Текстот (Видео) Прекинат концертот на Џенифер Лопез, публиката евакуирана од Медисон Сквер Гарден е превземен од Reporter.mk.