Меркел живее во изнајмен стан, го видела Швајнштајгер гол и се плаши од кучиња

Германската канцеларка Ангела Меркел е една од најмоќните жени на денешницата. Таа обожава ги обожава фудбалот и науката, но има паничен страв од кучиња. Својот приватен живот сака да го држи во тајност.

Ова се некои од работите кои малкумина ги знаат за германската канцеларка Ангела Меркел:

1. Нејзиното моминско име е Ангела Каснер, додека презимето Каснер, го земала од својот прв сопруг.

2. Германците од милина ја нарекуваат мама.

3. Додека студирала Меркел работела како бармен на студентските диско журки.

4. Дипломирала физика, а докторирала квантна хемија. Некои велат дека успехот го постигнала затоа што на проблемот му пристапила од научен, аналитички агол.

5. Откако се развела од својот прв сопруг, живеела во илегален стан во близина на железничка станица. На нејзиниот триесетти роденден, татко ѝ доаѓал да ја посети и разочарано и кажал дека бил разочаран од неа, затоа што не дотуркала далеку.

6. Во ноќта кога паднал Берлинскиот ѕид, во ноември 1989 година, Ангела Меркел имала 35 години. За да го прослави тој голем настан, таа отишла во сауна, а подоцна испила едно пиво. Брзо се вратила дома за да одмори, затоа што следниот ден бил работен. Сите останати во Германија биле во екстаза која траела до утрото.

7. Нејзиниот сопруг, Јоаким Зауер е професор на берлинскиот универзитет. Не сака премногу пиблицитет па не се има појавено ни на нејзината инаугурација во 2005 година. Сака опера и прошетки, а се вози со евтини авио летови дури и тогаш кога му е дозволено да патува со Меркел со официјални летови. Поради неговата заинтересираност за операта, а недостатокот за публицитет, Германците го нарекуваат „Фантом од опера“.

8. Мерел е одлична готвачка. Обожава да прави колачи од сливи и често е видена како пазари намирници во супермаркет. Има обичај секое утро на својот сопруг да му подготви доручек.

9. Се зборува дека Меркел живее во изнајмен стан со својот сопруг, кој е професор по квантна физика и дека обожава да готви чорба од компири.

10. Уште во 1995 година ја има каснато куче и од тогаш има развиено силен страв кон овие животни. Се зборува дека Путин за време на нејзините службени посети, често ја запознавал со неговите домашни миленици, кучиња.

11. Меркел обожава фудбал  често влегува во машките соблекувални за да им ја честита победата на фудбалерите. Се зборува дека во една прилика ги изненадила фудбалерите на Баерн Минхен, а го видела и гол Бастијан Швајнтајгер, сопругот на српската тенисерка Ана Ивановиќ.

12. Последните месеци изразито е забележана нејзината влошена здравствена состојба. За време на службените посети, канцеларката досега трипати била забележана како се тресе. Германците се сомневаат дека Ангела има рани знаци на Алцхајмерова болест, или дека е во прашање алкохолизам.

13. Меркел во текот на денешниот ден ќе го прослави својот 65. роденден.

 

 

 

 

Текстот Меркел живее во изнајмен стан, го видела Швајнштајгер гол и се плаши од кучиња е превземен од Reporter.mk.