Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски во Црна Гора се дружеше со својот колега, српскиот пејач Бане Мојиќевиќ. Кајмакоски сподели нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи.
„Дали ова лице ви звучи познато“, напиша тој и ја потсети публиката дека и двајцата беа дел од популарното регионално музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ и дека двајцата беа победници во сезоната во која учествуваа.
Кајмакоски во јавноста стана познат и со учеството во музизчкото шоу „Х фактор“ каде што го освои првото место. Откако направи подолга музичка пауза, тој неодамна повторно се врати на сцената. Во последниов период редовно е на релација Скопје – Белград – Будва, каде што имаше неколку настапи.
Пејачот годинава беше актуелен и по разводот со манекенката Кристина Димитриевска со која беше три години во брак.
Текстот Кајмакоски и Бане Мојиќевиќ се дружеа во Црна Гора е превземен од Reporter.mk.