Федерер му одржа час по тенис на принцот Џорџ

Еден од најдобрите светски тенисери, Роџер Федерер, му одржал час по тенис на принцот Џорџ, открија од кралското семејство. Според нив, Федерер е омилениот тенисер на младиот принц. Информацијата ја потврдил и швајцарскиот тенисер, кој рекол дека со најстариот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се дружел во куќата на таткото на Кејт во Баквел.

„На оваа возраст, сето тоа се сведува на удар на топката, како што е случај со сите момчиња. Но Џорџ удираше добро и изгледаше многу слатко на теренот“, рекол Федерер.

Тој додал дека е поласкан што знае дека е омилен тенисер на принцот, но верува дека ова се должи на фактот што тој бил првиот спортист што го запознал.

Текстот Федерер му одржа час по тенис на принцот Џорџ е превземен од Reporter.mk.