Ќе се мажи српската водителка Деа Ѓурѓевиќ

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ која годинава доживеа страшна сообраќајна незгода, ќе се мажи за два дена, објавија српските медиуми. Деа е во врска дваесет години со нејзиниот псотар колега Младен Мијатовиќ, а двојката во недела ќе се венчаат пред семејството и најблиските пријатели.

Извор близок до водителката наведува дека Деа ќе ја направи венчавката, два дена по нејзиниот роденден. Ќе има спектакуларна забава во елитен ресторан.

„Деа и Младен не сакаа да чекаат со венчавката и уште пред два месеци решија тоа да се случи на нејзиниот роденден. На Деа и се допадна идејата бракот да го направи на нејзиниот роденден и веднаш почнаа со двојната организација“, открива изворот.

За Младен и Деа ова беше тежок почеток на годината, поради несреќата која таа ја доживеа. Младен вели дека по секоја цела сака да и ги исполни сите желби на Деа и дека ништо не му претставува тешко, тој ден за неа да биде посебен. Со недели се занимава со организацијата, музиката, декорот, поканите и слично.

Иако и Деа учествува во сето тоа, Младен не сака таа на кој било начин да се преоптоварува и ги превзема најголемиот дел од обврските, открива изворот.

Двајвата првично во план имаа забавата да биде приватна за помал круг на луѓе. Но, на крајот се испостави дека ќе бидат околу 150 до 200 поканети гости, вели изворот и открива дека Деа има желба на венчавката да пее пејачот од Црна Гора, Шако Полумента.

 

 

Текстот Ќе се мажи српската водителка Деа Ѓурѓевиќ е превземен од Reporter.mk.