Францускиот архитект Филип Вилнев изјавил денес дека париската катедрала Нотр Дам која во април ја зафати голем пожар, сеуште не е безбедна за да се изведуваат градежни активности и истата биде обновена.
Вилнев, главниот архитект задолжен за историскиот споменик, заедно со францускиот министер за култура Франк Риестер, беше во обиколка на катедралата, која претседателот Емануел Макрон, сака да ја обнови за пет години.
„Сеуште постојат некои локации од катедралата кои бараат дополнително обезбедување“, изјавил архитектот.
Риестер изјавил дека безбедноста и квалитетот на рестуарацијата на изданието се поважни од постигнувањето на рокот за обнова која треба да заврши до 2024 година.
Катедралата Нотр Дам, средновековното здание на готската архитектура во срцето на Париз, кај реката Сена, на 15. април ја зафати голем пожар, кој беше угаснат по неколку часа.
Пожарот прво го зафати поткровјето, дел од кровот, а се сруши кулата која се наоѓала на четири столба високи по 93 метра.
Текстот (Галерија) Катедралата Нотр Дам сеуште не е безбедна за обнова е превземен од Reporter.mk.