Ќерката на Трамп летува во Црна Гора – Плаќа со картичка и не остава бакшиш

Тифани Трамп (25), помладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, со момчето летува во Црна Гора. Тие се сместени во најскапиот хотел „Регент“ во Тиват. Деновите ги поминуваат главно во хотелот и во најдобрите црногорски ресторани, објави „Блиц“. Тие сметката ја плаќаат секогаш со кредитна картички и никому не оставаиле бакшиш.

„Тифани и Мајкл ја закотвија јахтата во пристаништето, но речиси цело време се во хотелот и во околните кафулиња и ресторани. Наутро одат на појадок или ако го преспијат, попладне се гости на луксузниот ресторан во близина. Тифани сака морска храна, а нејзиното момче најчесто јаде салата. Пијат пијалаци кои најмногу се согласуваат со оброците и често јадат десерт“, им раскажал на српските медиуми еден од келнерите од ресторан во Црна Гора, каде што јаделе Тифани и Мајкл.

 

Текстот Ќерката на Трамп летува во Црна Гора – Плаќа со картичка и не остава бакшиш е превземен од Reporter.mk.