Автомобилскaта компанија „Волво“, денеска ги намали фиксните трошоци за 214 милиони долари и стана последната во низа производители на автомобили чија профитабилност се најде на удар на ценовните и тарифни притисоци, потикнати од кинеско-американската трговска војна.
Со применетата мерка за намалување на трошоците „Волво“ ќе почне во втората половина на оваа година. Истата ќе биде на сила до првата половина на 2020 година, а извршниот директор на компанијата Хакан Самјуелсон најавува и нова згаснување на работни места.
Досега се отпуштени 750 вработени лица, воглавно инженери и ИТ консултанти, а е намален и износот на заработка по час за преостантите консултанти, што, според зборовите на директорот, требало да донесе заштеда од 107 милиони долари.
Оперативната добивка на компанијата во второто тромесечје паднала за 38.1 процент односно 270 милиони долари, што е поголем пад од оној кој е забележан во првиот квартал. До падот на добивката е дојдено и покрај зголемените приходи од 1,8% од шест милијарди долари.
Текстот Автомобилскиот гигант „Волво“ отпушта работници и крати на трошоци е превземен од Reporter.mk.