(Видео) Мажот што го бркаа со сатар во „Лептокарија“ е македонскиот глумец Милан Тоциновски

Откако на социјалните мрежи вчера се споделуваше видео на кое кинеска двојка со сатар брка маж во трговскиот центар „Лептокарија“, актерот Милан Тоциновски откри дека тој е лицето што беше нападнто.

„Не е точно дека не сум ја платил сметката во импровизираниот кинески ресторан, јас не ни нарачав храна, бев нападнат откако дадов неколку забелешки за високата цена“, изјавил Тоциновски за „Плусинфо“.

Актерот објаснува дека вработената замавнала со сатарот кон него, но за среќа тој успеал да се тргне.

По драмата во трговскиот центар, откако глумецот успеал да побегне случајот го пријавил во МВР. Денеска требал да даде исказ кај надлежен обвинител.

За потсетување Милан Тоциноски во 2004 година во Сараево ја освои наградата за најдобра машка улога за улогата на младиот Кокан во филмот „Како убив светец“.

ВИДЕО: Маж и жена со сатар во рацете, бркаат момче низ Лептокарија

ВИДЕО: Маж и жена со сатар во рацете, бркаат момче низ Лептокарија

Posted by Press24 Fun on Среда, 17 јули 2019

(Видео) Кинез со сатар брка маж низ „Лептокарија“

Текстот (Видео) Мажот што го бркаа со сатар во „Лептокарија“ е македонскиот глумец Милан Тоциновски е превземен од Reporter.mk.