(Фото) Ирина Шајк има ново момче

Светскиот модел Ирина Шајк, месец дена откако ја прекина четиригодишната врска со американскиот актер Бредли Купер, беше уловена од папараците во друштво на нов маж. Медиумите пишуваат дека станува збор за нејзиното ново момче. Двајцата биле снимени како страствено се гушкаат и бакнуваат во Њујорк.

Руската убавица вели дека станува збор за нејзин драг пријател Алек Максвел, креативен директор на британскиот магазин „Вог“. Засега Алек се нема изјаснето за пишувањата дека двајцата се во врска.

Во неодамнешното интервју за Harper’s Bazaar манекенката за прв пат прозборе за своите чувства и раскинувањето со Бредли. И покрај лошото искуства, таа вели дека и понатаму верува во можноста еден ден во иднина повторно да се омажи. Во јавноста веќе почна да се шпекулира дека во нејзиниот живот има влезено нов маж.

„Ако ме прашате, јас сеуште верувам во бракот. Не сум тип кој е против таа институција“, изјавила Шајк.

Манекенката со Бредли ја има ќерката Леа Де Сеин. Двојката се радели по бројните натписи за романтичната врска меѓу Купер и пејачката Лејди Гага. И покрај негирањата на Гага дека нема ништо од натписите во медиумите и дека не постои љубовна врска меѓу неа и Купер, сепак голем број од фановите се убедени во спротивното.

 

Текстот (Фото) Ирина Шајк има ново момче е превземен од Reporter.mk.