(Видео) Виктор Постолов како Владо Георгиев

Пејачот и член на музичката група „Театро бенд“, Виктор Постолов деновиве сними видеоспот за песната од Владо Георгиев „Шта би пријатељи моји“.

Музиката ја направи Маријан Стоименов – Ѕика, а во спотот покрај Виктор се појавуваат и гитаристот Ѓорѓи Петрушевски, Јордан Петрушевски на конга и моделот Леа Ристиќ. Пејачот во наредниот период најави нови музички проекти.

Постолов, кој е по потекло од Кочани, на публиката ѝ е познат по учеството во „Пинкови ѕвезди“ во 2016 година. На музичката сцена првпат се појави во шоуто „Потрага по ѕвезда“ на „М2“.

 

Текстот (Видео) Виктор Постолов како Владо Георгиев е превземен од Reporter.mk.