Откако пејачката Маријана Новачевска пред две недели дојде од Австралија, таа и нејзината сестра Росана Сариќ-Тодоровска се неразделни. Близначките прво имаа емотивна средба на скопскиот аеродром, па заедно го прославија првиот роденден на Ноа, внукот на Росана. Тие викендов уживаа на Матка, а Росана не ја крие среќата што сестра ѝ по две години е повторно во Скопје.
„Фантастично поминат ден на Матка… со мојата душа“, напиша Росана и откри дека со Маријана ја посетиле пештерата Врело, дека се возеле со кајче по реката Треска и дека се забавувале.
Маријана и Росана беа популарни во ’80-тите години кога ги испеаја хитовите „Признавам“, „Стој“, „Едно срце имам душо“, песни што се евергрини денес. Потоа Маријана замина во Австралија, а Росана продолжи со соло- кариерата. Маријана се омажи со Тоде Новачевски, композиторот на нивните песни, но тие по неколку години се разведоа. Последен пат Маријана во Скопје беше пред две години за свадбата на нејзината внука Ивана, ќерката на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче.
Текстот (Галерија) Маријана и Росана на опуштен викенд, ја истражија Матка е превземен од Reporter.mk.