(Видео) Оливер Стоун сака Путин да биде кум на неговата ќерка

Американскиот режисер Оливер Стоун го замолил рускиот претседател Владимир Путин да биде кум на неговата 22-годишна ќерка Тара. Стоун и Путин се блиски од порано, особено по интервјуто кое режисерот го имаше со шефот на Кремљ и документарецот „Откривање на Украина“, во кој тој открива непознати детали за настаните во Мајдан.

„Дали твојата ќерка сака да премине во православие“, го прашал Путин познатиот режисер.

„Нема проблем, ќе направи сè што е потребно“, одговорил Стоун.

Весникот „Дејли бист“ пренесува дека Стоун се пожалил и извинил на Путин поради „американската култура и сè поизразениот фокус во врска со половиот индентитет“.

Стоун вели дека луѓето сè повеќе се изјаснуваат како трансексуалци. Режисерот потсетил и на контроверзниот закон усвоен во Русија во 2013 година кој забранува хомосексуална пропаганда меѓу малолетници.

Овој закон е причина за насилството врз хомосексуалците, сметаат експертите.

Транскриптите од интервјуто објавено во јуни се постирани на сајтот на Кремљ во пресрет на премиерата на документарецот на Стоун за случувањата во Украина, кои земјата ја донеле на граница на граѓанска војна.

Стоун, кој е познат по разоткривањето на теории на заговор, во тој филм ги оспорува наводите дека Русија стои зад ликвидација на учесниците на протестите во Мајдан во 2014 година, како и дека властите во Украина, а не официјална Москва, биле тие кои се мешале во американските претседателски избори во 2016 година.

Медиумите пишуваат дека Стоун за време на средбата со Путин бил загрижен за здравјето на рускиот претседател.

„Изгледаш депресивно, многу подепресивно откако се видовме последен пат. Многу сум загрижен за тебе“, му кажал Стоун на Путин на нивната последна средба.

Текстот (Видео) Оливер Стоун сака Путин да биде кум на неговата ќерка е превземен од Reporter.mk.