Српската мис Дијана Мијолковиќ почина вчера по долга борба со ракот на матката. 33-годишната Дијана за болеста дозна пред 6 години и оттогаш неколкупати беше на лекување. Третманите на почетокот даваа резултати, но ракот неколкупати се враќаше. Нејзиното семејство вчера соопшти дека болеста била посилна и дека Дијана починала покрај своите најблиски.
Јавноста ја запозна Дијана во 2009 година кога победи на изборот за Мис Србија. Во 2014 година таа стана Мис Европа и Мис Спорт.
Нејзините најблиски велат дека во последните моменти таа водела тешка борба со болеста. Поради хемотерапијата Дијана уште пред неколку години ја изгуби косата, а нејзиното тогашно момче, Стефан Кариќ, во знак на поддршка си ја избричи главата. Тој потоа и го истетовира нејзиниот лик на своето тело. Двојката се раздели неколку години потоа, оти Стефан ја изневерувал, но останале пријатели бидејќи ѝ бил огромна поддршка.
Дијана е родена 1987 година во Чуприја. Завршила два факултета, Фармацевски факултет и Факултет за менаџмент. Од дете се занимавала со танц и тренирала тенис. Откако на 27 години дознала дека има рак на матката, отворила блог на кој давала совети на жените да одат на редовни прегледи и им ги раскажувала своите искуства со болеста.
„Најтежок момент беше кога дознав дека ракот метастазирал. Тоа ме пресече. Имал 25 надворешни зрачења и 4 внатрешни. Тоа беа многу силни зрачења. Од хемотерапијата се чувствував малаксано, имав и мачнини и секакви симптоми, но многу потешки беа внатерешните зрачења. Како и на секоја жена, првата работа што ми падна на памет е дека ќе останам без коса. Додека бев дома со момчето, често велев дека сега кога сум келава не сум убава“, рекла Дијана во едно интервју.
Дијана последната објава на социјалните мрежи ја имаше пред еден месец, кога откри дека е пресреќна бидејќи нејзината сестра ќе стане мајка, а таа тетка.
Текстот Српската мис Дијана Милојковиќ почина од рак е превземен од Reporter.mk.