Челзи, ќерка на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и Хилари Клинтон, стана мајка. Таа веста ја објави на својот твитер-профил.
„Утрово на свет дојде нашиот син Џаспер Клинтон Мезвински. Преплавени сме од љубов и благодарност и одвај чекаме да го запознаеме со братот и сестрата“, напиша Челзи.
39-годишната Челзи од 2010 година е во брак со банкарот Марк Мезвински. Двојката веќе има две деца, син и ќерка.
Текстот Челзи Клинтон третпат стана мајка е превземен од Reporter.mk.