Сегашниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов лидер на Конзервативната партија, а истовремено избран за премиер на Велика Британија. Џонсон на премиерската функција ќе ја замени Тереза Меј.
Џонсон на изборите го победил својот конкурент Џереми Хант. Првите честитки стигнаа од американскиот претседател Доналд Трамп. Претседателот на САД го потврди тврдењето дека новиот премиер ќе биде одличен.
Неколку членови на Владата на Тереза Меј изјавиле дека ќе поднесат оставка, пред Џонсон да ги отпушти, поради противењата на неговата намера Британија да излезе од Европската Унија без договор.
Министерката за образование поднела оставка наведувајќи во писмото до Тереза Меј дека е длабоко загрижена околу напуштањето на Европската Унија без договор, пренесува „Скај њуз“.
Претходно оставки поднеле и министерот за Европа и Америка и државниот секретар во Министерството за надврешни работи на Велика Британија, Ален Данкан, соопшти „Форин офис“.
Данкан, кој се смета за приврзаник на Европската Унија, го обвинил Џонсон дека не го поддржал британскиот амбасадор во Вашингтон, откако излегла информацијата за неговите оценки во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува „Ројтерс“.
Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, и неговиот колега министерот за правосудство, Дејвид Гок, изјавиле дека вчера ќе поднесат оставка ако в среда Џонсон го преземе кабинетот.
„Јас сум сигурен дека нема да бидам отпуштен, затоа што ќе поднесам оставка пред да дојде до тоа. Под претпоставка дека Борис Џонсон ќе стане премиер, сфаќам дека неговите услови за служење во неговата влада опфаќаат прифаќање на излез од Европската Унија без договор до 31 октомври“, изјавил Хамонд во емисија за Би-би-си.
Гок порачал дека нема да може да ја продолжи работата во владата под палката на Џонсон, доколку тој бара да се случи брегзит, без договор со ЕУ, оценувајќи дека таквиот потег на Лондон води кон национално понижување.
Текстот Борис Џонсон е новиот премиер на Велика Британија е превземен од Reporter.mk.