За време на снимањето на новото продолжение на серијалот „Брзи и бесни“, се случи тешка несреќа во која настрада касакдерот и дублерот на американскиот актер Вин Дизел.
Тој паднал на глава од височина од десет метри, додека снимал сцена за деветтото продолжение. Дублерот на Дизел веднаш било префрлен со хеликоптер во болница. Инцидентот се случил во студиото на Warner Bros во Англија.
Актеорт се наоѓал во близина на местото на несреќата и изјавил дека го видел целиот настан. Другите членови на актерската екипа велат дека се плашат од најлошото, пренесува „Дејли Мејл“.
Се претпоставува дека до несреќата дошло по попуштањето на безбедносните кабли, додека каскадерот скокнал од балкон. Наводно се здобил со тешки повреди на главата.
„Вин Дизел беше таму неколку секунди подоцна. Беше шокиран и едвај ги задржа солзите. Виде сè што се случи“, изјавил извор близок до актерот.
Ова не е прва несреќа за време на снимањата на „Брзи и бесни“. Дублерот на Дизел, Хари Оконер, загина во 2002 година кога се снимаше филмот „Трипл Икс“. Несреќата се случила додека Оконер летал со падобран кој бил заврзан за глисер.
Пријателот на Дизел од „Брзи и бесни“, актерот Пол Волкер, исто така загина во автомобилската несреќа за време на снимањето на седмото продолжение на франшизата во 2013 година.
Волкер загина на 40 годишна возраст.
Текстот Каскадерот на Вин Дизел настрада на снимањето на „Брзи и бесни“ е превземен од Reporter.mk.