Селма Хајек, Шекил О’Нил, Џесика Алба, Силвестер Сталоне и многу други холивудски ѕвезди летово го посетија Јадранот. Домашните специјалитети и чистото море секогаш ги воодушевуваат познатите, актери, пејачи, спортисти.
„Ова место е воодушевувачки! Светлоста, храната, Јадранот – неверојатно е!“, напишала на социјалните мрежи пред неколку месеци американската актерка Џесика Алба за време на нејзината посета во Дубровник.
Алба на средината на јуни стигна во Дубровник на фестивалот New Europe Market. На социјалните мрежи секојдневно објавувала фотографии од Хрватска за кои велела дека ја воодушевиле со нивната убавина.
Со Алба во Дубровник стигнал и Даниел Мартин, мејкап-артистот на Меган Маркл, кој бил задолжен за нејзината шминка на кралската венчавка. Тие беа сместени во хотел во Дубровник.
Актерката во Дубровник вели дека уживала во занимливостите на градот и бројните богати специјалитети. Со друштвото вечерала во познати ресторани.
„Бевме во рибни ресторани, а Џесика уживаше во најдобрите морски специјалитети. Оваа реклама ни значи многу, затоа што не ја плативме да објави нешто во наше име. Тоа го направи самата. Многу ѕвезди кај нас препознаваат квалитет и тоа е најважно“, изјавиле одговорните од еден од рестораните во Дубровник.
Хрватска во јуни ја посети и американскиот актер Мајкл Ведерли, познат по улогата во серијата „Нејви ЦИС“. Ведерли бил во посета на островот Корчула, а на „Инстаграм“ се пофали како ужива во престојот.
Две години претходно, актерот престојуваше во Дубровник. Открил дека често доаѓа во тој град затоа што семејството на неговата сопруга Бојана Јанковиќ купило куќа недалеку од Дубровник.
На Корчула ова лето престојува и освојувачот на петтата титула на „Вимбелдон“, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Србинот пристигна со сопругата Јелена. На социјалните мрежи објави видео пеејќи хит од Оливер Драгојевиќ.
Летово во Хрватска беше и Дејвид Хаселохф, актерот од серијата Baywatch. Хаселхов од престојот во Хрватска се пофали на „Инстаграм“. „Скокнав на пливање во Хрватска“, напишал под една од неговите фотографии.
Во рамки на рутата, освен Хрватска, Хаселхоф ги посети и Грција, Црна Гора и Албанија. Со него на патувањето беше и неговата 28 години помладата сопруга, манекенка и асистенка на продажба Хајли Робертс.
Овој месец Јадранот го посетија и Силвестер Сталоне и неговото семејство. Тој пристигна со сопругата Џенифер Главин и ќерките Софија, Систина и Скарлет. Сталоне беше во посета на Венеција од каде пристигна на Сплит.
Прво со луксузни возила, а потоа и со брод Сталоне и семејството се сместија во еден од островите. Беа во посета на Хвар, островот Древник Вела и Шолт. Ќерките на Сталоне секојдневно на социјалните мрежи објавиле фотографии од крстарењето и хрватскиот брег.
„Хрватска, прекрасна си“, напишала ќерката на Сталоне под фотографијата на која во морето позира со сестрите Скарлет и Софија.
Пензионираниот кошаркар и познат диџеј Шекил О’Нил во неделата попладне со приватен авион слета во Задар. О’Нил, кој е висок 216 сантиметри и има околу 150 килограми, беше дочекан од голем број фанови на аеродромот.
Шек делеше автограми и одвои време за сите обожаватели. „Хрватска цела ноќ се забавува со полна сила“, напишал Шек на социјалните мрежи под објавеното видео.
Деновиве Сплит го посетија и американските актери Овен Вилсон и Селма Хајек. Во Хрватска стигнаа за снимањето на филмот Bliss. Вилсон за викендот со велосипед ги обиколуваше рестораните. Вилсон изјавил дека тамошната храна го воодушевила и дека повторно ќе наврати. Потоа се забавувал со неговите деца играјќи топка.
Хајек во Сплит беше опколена со голем број телохрантели. Актерката и претходно во мај беше во посета на Хрватска со колегите Самуел Л. Џексон и Рајан Рејнолдс. Таму го снимаа филмот The Hitman’s Bodyguard Wife.
Актерите велат дека уживале во убавините на Хрватска и кулинарските специјалитети. На Џексон му се допаднал тамошниот мед, а актерот бил и во посета на Музејот на современа уметност во Загреб. Хајек на социјалните мрежи објави фотографии од Истра, каде се гоштаваше со домашно вино.
Рејнолдс за време на снимањето за кратко беше придружуван од неговата сопруга, американската актерка Блејк Лајвли.
Текстот (Фото) Јадранот и балканската кујна ги привлекуваат холивудските ѕвезди е превземен од Reporter.mk.